Црква „Св. Атанасиј“ - Крива
црква во Крива, Ениџевардарско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Крива, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Црквата е гробишен и парохиски храм на селото, сместен во неговиот северен крај. Изградена е во 1801 г. и претставува трикорабна базилика со внатрешни димензии од 13,30 × 25,85 м. Во 1837 г. црквата е проширена со доградбата на припрата на запад, галерија во облик на буквата П, како и трем на запад и југ. Трите кораби на наосот се одвоени со осум пара столбови. Олтарот е поликонхален, но само апсидата на жртвеникот излегува од источниот ѕид. Влезот во наосот е од југ, а тој од запад води во галеријата. Во југозападниот агол е изградена камбанарија.[1]
Ктиторскиот натпис гласи:
„ | Άνοθεν και εξαρχής ο ναός ούτος του Αγίου Αθανασίου εκτήσθη έτος α. χ.ν. 1801. Ιδέ τούτο το εξοτερικόν μέρος δλ. η κάμαρε εκτήστησαν έτος απ. Χ. 1857. Αρχή. Φευ. 25 δια συνδρομής και παρακίνισιν του Αγίου 'κ Αθανασίου
Одгоре и од почеток овој храм на Свети Атанасиј се изгради во 1801 г. од Р. Х. А овој надворешен дел се изгради во 1857 г. Почеток 25 февруари со помошта и поттикот на епископ Атанасијиј. |
“ |
Во западниот дел на надворешниот ѕид има зачувана фреска. Внатре таваните се обоени со силни бои и имаат геометриски форми. Предниците на лаковите во наосот се насликани сцени од животот на Христос. Забележителни се дрвените резбани и насликани елементи — иконостасот, владичкиот престол, амвонот, и олтарот, насликани со цветни украси.[1] На црквата во 1832 г. работел зографот Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија.[3] Во храмот има икони од син му Атанасијиос Маргаритис.[4]
Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][5]
- Тремот
- Ктиторскиот натпис
- Фреска
- Фреска
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads