Крива (село)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Крива (село)map
Remove ads

Крива (грчки: Γρίβα, Грива; до 1926 г. Κρίβα, Крива[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 587 жители (2021). До денес е населено со Македонци.[3]

Кратки факти Крива Γρίβα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 4 км северозападно од Гуменџе, на источните падини на планината Пајак. Кај него е сместен манастирот „Св. Рафаил, Никола и Ирина“.

Историја

Thumb
Црквата „Св. Антониј“

На 1.300 м југоисточно од селото при уредување на дворот на црквата „Св. Антониј“ откриена е античка населба со површинска керамика. Наоѓалиштето во 1996 г. е прогласено за заштитен споменик на културата.[4]

Во Отоманското Царство

Thumb
Црквата „Св. Атанасиј“

Според преданијата на стари мештани, селото е основано на крајот края од XV или почетокот на XVI век. Околу најстарото Горно Маало (Горна Мала) никнале нови маала, подигнати од мештаните и од преселници од југозападна Егејска Македонија. Разликите во говорот на одделните маал се чувствувале сè до почетокот на XX век.[5] Црквата „Св. Атанасиј“ („Св. Атанас“) е од 1801 г.[6]

Според Астерјос Кукудис, Крива е поранешно мегнелновлашко село.[7]

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Крива (Κρίβα) било село со 170 христијански семејства.[8]

Селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.[9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Крива живееле 1.300 Македонци христијани.[10][11]

Според Христо Силјанов по Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Егзархијата.[12] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крива (Kriva) имало 1.600 Македонци, сите под Егзархијата.[10][10][13]

По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во која се оплакуваат на 10-те патријаршиски (гркомански) семејства кои ги узурпирале училиштето и црквата на целото село, лишувајќи 230 егзархистички семејства од образование и духовен живот.[14]

Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Крива имало бугарски учител назначен од Егзархијата, но властите не дозволиле отворање на училиштето поради статуквото.[15]

Есента на 1910 г. војводата Апостол Петков, повторно нелегален, влегол во Крива и одржил јавен говор. Поради тоа на 26 септември во селото се уапсени 80 лица.[16]

По податиц на Егзархијата во 1910 г. Крива имала 224 семејства сочинети од 962 жители Македонци и една црква.[10][17]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Κρίβα) имало 790 егзархисти и 120 патријаршисти.[8][18]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Крива пред Балканските војни имала 155 куќи на Македонци христијани.[19]

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. 27 лица од Крива станале доброволци во МОО.[20] Една недела пред почетокот на војната во Крива се одржувало реонско советување на раководтелите на ВМОРО на чело со Ичко Димитров. По предавство од гркоманите, селото било обиколено и во него три дена се водела битка, во која Турците користеле планинска артилерија. Четата се повлекла без загуби, но целата Крива била запалена.[21]

Во Грција

Thumb
Манастирот „Св. Рафаил, Никола и Ирина“.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор.

Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Крива (Κρίβα) се води како село со 1.049 жители (545 мажи и 504 жени).[8]

Во 1914 г. кај селото е изградена црквата „Св. Илија“.[8]

Веднаш по војните дел од жителите се преселиле во Бугарија поради притосоците кои ги вршела грчката држава врз ова село, активно во преродбеничката дејност и револуционерната борба. Ликвидирани се 94 имоти на овие преселници.[8] Помеѓу 1923 и 1925 г. во Бугарија се иселиле уште 138 жители (20 семејства), а неколку семејства се преселиле во Гуменџе.[3] Со цел да се скрши националниот дух во Крива, во 1920-тите во власта доселила грчки дојденци. Во 1928 г. селото е претставено како мешано со 877 жители,[3] меѓи кои 79 биле грчки дојденци (16 семејства).[8][22] Повеќемина од дојденците се преселиле на други места бидејќи не можеле да опстанат во Крива.[3]

Во 1926 г. селото е преименувано во Гривас (Γρίβας).[8]

Благодарение на големиот прираст, на пописот од 1940 г. Крива имала 1.223 жители, од кои само 30 биле грчки дојденци.

На 15 август 1986 г. споменикот на грчкиот андарт Спирос Франгопулос во Крива е значително оштетен со чекан од мештанин на Крива.[23]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Thumb
Поглед на Крива од воздух

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Верски објекти

Личности

  • Атанас Гонов — револуционер на ВМОРО, четник на Апостол Петков[26]
  • Ичо Костов — револуционер на ВМРО, четник на Апостол Петков[26]
  • Пено Карамуткин (1920 – 1945) — партизан, деец на НОФ и СНОФ[27]
  • Стојан Димитров Јанаков — револуционер, селски раководител на ВМОРО, на 73 години на 15 февруари 1943 г.[28]
  • Тано Георгиев — револуционер на ВМОРО, четник на Апостол Петков[26]
  • Христо Димитров (1912 – ?) — дипломат во Бугарија
  • Христо Пипчев (1886 – 1948) — гркомански андартски деец
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads