Црква „Св. Атанасиј“ - Модрич

црква во селото Модрич From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Модричmap
Remove ads

Свети Атанасијцрква во селото Модрич.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Црквата во целост е варосана во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.

Преданија

Според М. С. Филиповиќ, со црквата се поврзуваат повеќе преданија. Ако чуварот на црквата заборавел да го запали кандилото, тоа самото се палело. Во турско време, вратата на црквата секогаш била отворена, така што се случило некој сејмен да упадне и украде 300 гроша. Кога се обидел да излезе од црквата, вратата била затворена и се отворила откако парите ги вратил на местото од кое ги одзел. Потоа, се верува дека сејменот ги советувал своите да работат што сакаат, но во вакуф да не чепкаат. Постои и предание дека некои Турци, кои ги навредувале иконите во црквата, ослепеле. Во време на окупацијата на Македонија во Втората светска војна, по наредба на буагрските власти била отстранета плочата со грчки натпис, по што соседното маало настрадало од силна провала; кога плочата била повторно вратена, провалата на местото престанала.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads