Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Модрич
црква во селото Модрич From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успението на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Модрич.[1] Сместена е на околу стотина метри од сретселото.
Remove ads
Историја
Црквата била обновена во 1894 година врз темелите од стара манастирска црква. Во ноември 2012 година, по налог од Владата на Македонија, од оваа црква биле одземени 27 вредни икони, кои биле складирани во музејските згради, а сè со цел да се спречи нивно крадење.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Главниот влез е сместен на западната страна. Над него има застаклена слика во дрвена рамка на која е прикажано Успението на Пресвета Богородица, а над сликата има окно. До внатрешноста на црквата води и спореден влез кој е сместен на јужната страна. Јужниот и северниот ѕид содржат по три прозорци, од кои прозорецот кој е најблиску до западната страна на обата ѕида се наоѓа повисоко, додека во средишниот дел на апсидата има монофора. Објектот е изграден од варовник, а на рабовите се забележуваат камени тули. Црквата во целост е покриена со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда од предната страна и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта и фонтана. Камбанаријата има квадратна основа и е сместена непосредно од левата страна по влезот во дворот на црквата. Таа се состои од четири дела и на секоја страна од деловите има по една монофора, освен на најнискиот дел од источната страна каде што е сместен влезот. Покриена е со лимен пирамидален кров.
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата со околината
- Црквата со камбанаријата покрај патот
- Црквата со селските гробишта
- Западната и јужната страна на црквата
- Западната страна на црквата
- Сликата над влезот на црквата
- Јужната страна на црквата
- Источната страна на црквата
- Апсидата на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Фонтана со селските гробишта во дворот на црквата
- Селските гробишта
Поврзано
- Црква „Св. Никола“
- Црква „Св. Атанасиј“
- Црква „Св. Ѓорѓи“
- Црква „Св. Архангел Гаврил“
- Модрич
- Дебарско-кичевска епархија
- Струшко архијерејско намесништво
- Втора струшка парохија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads