Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Модрич
црква во селото Модрич From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Архангел Гаврил — црква во близина на селото Модрич.[1] Сместена е на околу 5 км источно од селото и до неа води исклучување од десната страна на патот кој води кон селото Дренок. Црквата претставува метох на Бигорскиот манастир.[2]
Remove ads
Историја
Во близина на црквата се наоѓаат остатоци од ѕидовите на средновековен манастир кој до темел бил уништен од страна на „азиските завојувачи“. Манастирот „Св. Архангел Гаврил“ бил во целост обновен во периодот од 1930-1932 година, но кон крајот на 1944 година бил ограбен и запален.[2]
Камен-темелник и осветување на местото за изградба на денешната црква бил поставен на 26 јули 2000 година од страна на митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј. Во 2014 година, братството на Бигорскиот манастир успеало преку денационализациска постапка да го врати имотот во свое владение.[2]
Remove ads
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со полукружна апсида во задниот дел и купола со осумаголна основа. Секоја втора страна од купоалта содржи по една монофора, додека на останатите има по еден монофорен облик. Влезот на црквата е сместен на западната страна, а над него има полукружна ниша со фреска на која е насликан Архангел Гаврил. Црквата е изградена од камен и во целост е покриена со лимен кров.
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата со селото во позадина
- Северната страна на црквата
- Фреска на Архангел Гаврил над влезната врата
Поврзано
- Бигорски манастир
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“
- Црква „Св. Никола“
- Црква „Св. Атанасиј“
- Црква „Св. Ѓорѓи“
- Модрич
- Дебарско-кичевска епархија
- Струшко архијерејско намесништво
- Втора струшка парохија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads