Црква „Св. Атанасиј“ - Пилорик
црква во Пилорик, Ениџевардарско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј (грчки: Άγιος Αθανάσιος) — преродбеничка црква во селото Пилорик, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробишен храм во западниот крај на селото, изграден на почетокот на XIX век. Претставува трикорабна базилика со нартекс, женска црква, полукружна апсида и трем на југ. Изградена е од камења, делкани на четирите агли. Таванот е резбан, со претстава на Христос Седржител од 1886 г. Резбаниот многуаголен иконостас има икони од 1846 г. На гробиштата има стари округли крстови од камен.[1]
Сè до изградбата на црквата „Успение на пресв. Богородица“ во 1860 г., православното население на Пазар одело во оваа црква.[2]
Црквата е прогласена за историски споменик на 23 февруари 1995 г.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads