Пилорик
село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пилорик (грчки: Πενταπλάτανος, Пендаплатанос, книжевно: Πενταπλάτανον, Пендаплатанон; до 1927 г. Πυλωρίκ, Пилорик[2], до 1954 г. Πηλορύγι, Пилориги[3]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Според проценка од 2019 г. местото брои околу 1.015 жители.[1] До 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, кои денес се малцинство.[4] Денес не важи за самостојно село, туку се вбројува во градот Пазар како негова населба.
Remove ads
Географија
Селото е сместено во јужното подножје на планината Пајак, 2 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар). Поради близината до градот, со време станало негово предградие и добило урбан карактер.
Историја
Праисторија
Во околината на селските гробишта има праисториска населба, која во 1986 г. е прогласена за културно-историски споменик.[5]
Во Отоманското Царство
Во XIX век Пилорик е забележано како чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Пилорики (Πυλωρίκη) било село со 30 христијански семејства.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Пилорик броел 166 жители Македонци.[7][8]
По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пилорик (Pilorik) имало 216 Македонци, сите под егзархијата.[7][10] Во селото работела бугарската пропаганда со едно училиште.
Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г напишал за селото:
„ | Пилурик, 13 /III, 1 ч. од Радомир. 31 македонски егзархиски куќи: 5 свои, 25 чифлигарски. Сега селаните откупуваат уште 3 куќи со 276 погони земја за 510 лири. Се издржуваат од земјоделство, лозарство и бубарство. Црквата засега затворена, има 20 погони земја, 4 погони дудова градина и 3½ погони лозје. Училиштето (вакуф) е двокатно, долу — подрум, горе — трем и две простории. Училницата е таваносана, добро осветлена, голема 5×6×3 метри. Салонот е отворен.[11] | “ |
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Πιλορίκιον) има 219 егзархисти.[6][12]
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото имало 35 македонски христијански куќи.[4][6]
Во Грција
Во Првата балканска војна селото е окупирано од грчката војска. Бугарските цркви и училишта се затворени.[13] Истата 1912 година е заведено како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. Во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 291 лице,[4] од кои 159 мажи и 132 жени.[6] На пописот од 1920 г. Пилорик имал 263 жители.
По 1924 г. властите насилно иселиле 132 жители во Бугарија,[4] (30 семејства во Горен Воден, денес во Асеновград)[14]) и на нивно место довеле грчки. Одземени се 44 имоти на преселените жители.[6] Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано со 252 жители,[4] од кои 180 биле дојденци (45 семејства).[15] Претходната 1927 г. е преименувано во грцизираниот облик Пилориги, а во 1954 г. му е дадено сосем грчкото име Пендаплатанон.[16]
Во 1940 г. Пилорик веќе имал 569 жители поради меѓувремено сместување на дополнителни грчки колонисти. Според статистиката на НОФ, во 1927 г. во селото имало 185 Македонци, 17 Власи, а останатие биле грчки дојденци.[4] Во следните десетлетија населението се зголемило уште повеќе, и наизменично растело и опаѓало, а потоа доживеало и позасилен развој. Пописот 2001 г. е последниот на кој Пилорик се води како самостојно село со 956 лица, за да биде припоен кон Пазар во следното десетлетие. Се претпоставува дека денес има околу 1.015 жители,[1] иако повеќе не се брои посебно.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Иако има градски карактер поради близината до Пазар, населението сепак се занимава со одгледување на жито и памук, а делумно е застапено и сточарството.[4]
Цркви
- „Св. Атанасиј“ од почетокот на XIX век
Личности
- Божин Ѓорев (1875 – ?) — борец во Балканските војни од четата на Иван Паљошев[17]
- Димо Ат. Дараданов — деец на Илинденската организација во Несебар[18]
- Јоанис Андраманос (Ιωάννης Ανδραμάνος) — гркомански андартски деец, четник[19]
- Велика Ромова (Πασχαλίνα Ρώμα, Пасхалина Рома, ? - 1904) — гркоманка, андарстски деец од III клас[19], учителка во селото, убиена од ВМРО, ќерка на Антон Касапов, претседател на грчкиот комитет во Пазар[20]
- Трајан (Трае) Иванов (1876 – ?) — борец во Балканските војни[21]
- Христо Атанасов — борец во Балканските војни од четата на Ичко Димитров, Штипска дружина[22]
- Христо А. Митонов (1879 – ?) — борец во Балканските војни од четата на Иван Паљошев[23]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads