Црква „Св. Атанасиј“ - Сараќино
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј — црква во тетовското село Сараќино. Црквата е градена во поново време. Карактеристично за оваа црква е тоа што фреските кои се дело на Зоран Бошковски, се ретко застапени во православните храмови низ Македонија. Некои од нив се посветени на Свети Јован Шангајски, Свети Нектариј Битолски, Свети Јован Кронштатски и Свети Јован Кукузел.[1] Црквата е осветена во 2005 година и спаѓа во Третата тетовска парохија. Црквата е изградена на темели на стар христијански објект граден во времето на населувањето на Сараќино во 14 век. Ктитори на објектот биле семејствата Кузмановски и Савевски од Сараќино.[2] Иконостасот е дело на тетовскиот резбар Будимир Апостолски.[3]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads