Црква „Св. Атанасиј“ - Модриште

црква во селото Модриште From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Модриштеmap
Remove ads

Свети Атанасиј Велики (позната и само како Свети Атанас) — главна манастирска црква на средновековниот Модрички манастир во поречкото село Модриште.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Манастирската црква е изградена во 1728 година[2] и претставува споменик на културата заштитен со закон.[3]

Remove ads

Историја

Во пишаните извори од 1316 година црквата била спомената под името „Света Богородица“. Во истата година, игуменот Вартоломеј присуствувал на изборот на епископот Никодим.[4]

Градба

Црквата е еднокорабна со тристрана апсида, а веројатно имала и купола. Градена е од приделкан камен и од наизменични редови тули.[4]

Од некогаш богатиот фрескоживопис, дело на непознат зограф, останале малку траги. Врз основа на неговите стилски одлики, се смета дека истиот зограф ја сликал и црквата „Св. Никола Шишевски“, изградена во XIV век високо над кањонот на реката Треска.[4]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads