Модриште

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Модриштеmap
Remove ads

Модриште — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Регионалниот пат од Македонски Брод до Скопје и до Самоков поминува низ селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од десната страна на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 490 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 13,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.063 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 28 хектари, а на пасиштата само 17 хектари.[2]

Низ селото поминува регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, кој кај селото Калуѓерец се двои и води до поранешното општинско средиште Самоков.

На приодот кон селото од исток тече Модришка Река, помеѓу возвишенијата Варошки Присој и Куклаица, па се влева во Треска веднаш лево од патот.

Remove ads

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 15 семејства, 1 неженет и 1 вдовица, сите христијани.[3]

Во XIX век, Модриште било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Модриште имало 165 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Модриште имало 144 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Модришта се води како чисто македонско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Модриште е мало село и со негативно салдо во населението. Така, селото во 1961 година броело 280 жители, а во 1994 година само 86 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Модриште имало 39 жители, од кои 38 Македонци и 1 Србин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 13 Македонци и 4 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Модриште е македонско село

Родови во селото се: Крстевци (6 к.), доселени се од селото Крапа, не се знае од каде е доселен родот во Крапа затоа што криел нивниот предок кој се доселил; Стојковци (5 к.), доселени се од Старо Село, каде припаѓале на родот Дапковци кој таму бил староседелски; Јандревци (4 к.), доселени се од селото Велмевци, Железник; Десовци-Бислимовци (3 к.), доселени се од Манастирец, таму припаѓале на родот Шкорлевци, кој бил доселен од околината на Скадар; Митановци (1 к.), доселени се од селото Велмевци, Железник; Ѓуровци (1 к.), доселени се од Старо Село, каде припаѓале на родот Чикировци, кој таму бил доселен од селото Крапа; Војневци (1 к.), доселени се од Старо Село, таму припаѓале на родот Милошевци.[15]

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец и Црешнево.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Модриште, во која покрај селото Модриште се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Калуѓерец, Могилец, Локвица, Тажево и Црешнево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0246 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[19]
Цркви[20]
Манастири
  • Модришки манастир — средновековен манастир

Личности

Поврзано

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads