Црква „Св. Бессребреници“ - Дервешани
црква во Дервешани, Серско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Бессребреници Кузман и Дамјан или Свети Врачи (грчки: Άγιοι Ανάργυροι) — црква во селото Дервешани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Црквата се наоѓа во источниот крај на селото. Изградена е во 1968 г. и осветена на 15 септември 1991 г. од митрополитот Максим Серски. На почетокот на XXI век е обновена и изградена е камбанарија. Храмот е живописан со фрески во византиски стил.[1] Градбата претставува крстокуполна базилика.
Во парохијата влегуваат и црквите „Успение на пресв. Богородица“ и „Св. Никола“.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads