Дервешани
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дервешани, Дервешен или Дервештани (грчки: Οινούσσα, Инуса; до 1930 г. Δερβέσιανη, Дервесјани[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Населението брои 497 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во јужното подножје на планината Сминица, во Серското Поле, околу 7 км источно од градот Сер, на надморска височина од 130 м.[3]
Историја
Антика
Во јужната падина на рид на околу 2-3 км северно од селото е откриена мала римска населба.[4] На половина километар северно од Дервешани, ридот Власелник има рановизантиска крепост, додека на соседниот рид Бегово е откриена праисториска населба.[5]
Среден век
На 1,5 км северно од Дервешани и североисточно од Геди Дермен, на јужната вертикална страна на ридот Власелник во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ има средновековна фреска насликана на висина од 5,5 м на карпата. На неа е претставена Богородица со Младенецот. Јужно од селото се наоѓа средновековната црква „Св. Никола“, изградена во XIV век.[6][7]
Селото се спомнува како Пресвена (Πρεβέσαινα) во 1346 година, Древесена (Δρεβέσαινα) во 1351 г. и Тревисина (Τρεβίσηνα) во 1357 г.[5]
Во Отоманското Царство
Во XIX век Дервешани било македонско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Дервешан (Dérvechan) имало 12 домаќинства и 33 жители Роми и Черкези.[8]
Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 8 македонски домаќинства.[9][10]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Дервештане, чифлик на манастирот „Св. Иван“, 3⁄4 час источно од Сер во подножјето на Боздаг. Плодна земја, наводена со рекичката Та Јани. Пред неколку години жителите биле постојани; сега се собираат само лете од околните села. 25 куќи, 125 жители, Македонци. Има и грчка црква.[11] | “ |
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Дервешани имало 180 жители, сите Македонци.[9][12]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Дервешани броело 80 жители, но во 1920 г. тие се намалиле на 44 лица.[3] Во 1930 г. селото е преименувано во Инуса (Οινούσσα).[2] Никогаш не биле сместени бегалци, меѓутоа почнале да се доселуваат грчки семејства од Субашќој и Везник, така што станало мешана населба. Во 1960-тите се доселиле и семејства од планинското село Лески.[3]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува тутун, компир, жито и други земјоделски производи. Поради поволните услови за сточарење, внимание му се посветува и на сточарството.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и полтиика
Во 1970 година, селото станало седиште на општина поради намалувањето на жители на соседното Лески.[3] Општината Дервешани била приклучена во општината Сер во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Сер.
Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дервешани, во кој влегува и селото Лески.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта
- Власелник — крепост од античко и средновековно време
Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“
- Црква „Св. Никола“ — изградена во XIV век
Други
- Дервешанско училиште — прогласено за споменик на културата
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads