Црква „Св. Богородица“ - Ботун (стара)
црква во Ботун, Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на пресв. Богородица (Св. Богородица) — црква во охридското село Ботун, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.
Remove ads
Местоположба

Црквата е гробиштен и главен храм на Ботун, сместена на стрмно возвишение во Горното Маало, на северозапад од сретселото.[1]
Историја
Црквата е изградена врз постаро светилиште, за што сведочат многубројните гробни конструкции од средновековието.[1]
Според натписот, храмот е изграден во 1895 г. од браќата Крсте и Костадин, синови на Никола Крстев од Лазарополе. Иконостасот е од 1871 г., а внатрешниот живопис е делумно пресликан во 1972 г.[1][2]
Опис
Градбата претставува еднокорабен храм изграден од камен и варов малтер. Венците под покривот се од бигор, а истото важи и за апсидата, која е единаесетстрана; таа е засводена со полузаоблен свод врз кој се издига покрив на четири води. Иконостасот е величествен, и има дванаесетина икони. Изработен е во 1871 г.[1]
Од прекрасниот фрескоживопис се издвојува композицијата Седмочислениците на јужниот ѕид на олтарниот простор. Нивната поставеност на фигурите и именување се сосема оригинални — како средишна личност е насликан Климент Охридски, а околу него се Сава, Наум, Кирил, Методиј, Ангелариј и Горазд.[1]
Поврзано
- Црква „Св. Богородица“ - Ботун (нова) — понова истоимена црква при Ботунскиот манастир
- Белчишка парохија
- Охридско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads