Црква „Св. Богородица“ - Осломеј
црква во селото Осломеј, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Богородица — главна селска црква во кичевското село Осломеј, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на раскрсницата, каде што се двои патот за самото село и за влезот во РЕК „Осломеј“. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена надвор од селото во јужна насока.
Историја
Црквата била изградена во 1921 година,[2] како што стои и на самиот натпис на црквата. Во 1986 година била обновена и преосветена во 1987 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.[2]
Според други извори таа започнала да се гради во 1924 година на местото на некое старо црквиште.[3]
Црквата не била осветена до 1997 година, кога бил организиран голем црковно-народен собор.[4]
Remove ads
Архитектура
Во изминатиот период, црквата била обновена и добила нов покрив, а во црковниот двор била подигната трпезарија и камбанарија.[4]
Иконостас
Црквата поседува иконостас, кој бил подарок од Цветан Лазарески и потекнува од 1923 година.[2]
Галерија
- Гробишта околу црквата
- Поглед на црквата
- Црквата
- Помошниот објект
- Камбанаријата
- Фреска и натпис за годината на изградба
- Главниот влез
- Главниот влез
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Портата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads