Црква „Св. Димитриј“ - Балинци
црква во селото Балинци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј — главна селска црква во валандовското село Балинци, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба

Црквата се наоѓа западно од селото и до нејзе води земјен пат, кој започнува од селото.
Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Стариот црковен објект бил изграден од познатиот неимар, иконописец и резбар Андон Китанов од родот Ангелковци од село Тресонче во Мала Река, Дебарско, пред 1860 година, но тој бил разурнат од Валандовскиот земјотрес во 1931 година. Сегашната црква е изградена по земјотресот од 1931 година со помош на верниците од селото.[2]
Архитектура
Црквата е трикорабна, со женски дел на западната страна и со мала полукружна олтарна апсида од надвор. Централниот кораб е своден и ги надвишува двата странични кораба. Главниот влез во храмот е од јужната, а споредниот од западната страна. Од јужната и од западната страна има отворен трем. Црковното ѕвоно се наоѓа на западната страна од храмот.[2]
Иконостас
Иконостасот е изработен во 1938 година од браќата Доневи од мијачкото село Гари, Дебарско. Покрај иконите од иконостасот кои датираат од 1938 година, во црквата „Св. Димитриј“ има и стари икони со потекло од XIX век.[2]
Галерија
- Источната страна (2017)
 - Припратата (2017)
 - Влезот (2017)
 - Тремот (2017)
 - Sвоното (2017)
 - Поглед на црквата (2017)
 - Камбанаријата (2017)
 - Селските гробишта (2017)
 - Селските гробишта (2017)
 - Поглед на црквата (2017)
 - Селските гробишта (2023)
 - Апсидата (2023)
 - Припратата на јужната страна (2023)
 - Влезот (2023)
 - Припратата на западната страна (2023)
 - Главниот влез (2023)
 - Камбанаријата (2023)
 - Поглед на црквата (2023)
 
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



