Балинци

село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia

Балинциmap
Remove ads

Балинци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово. Селото е скоро целосно споено со соседното Брајковци.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името на селото првпат се сретнува во турски документи во XVI век. Името на селото потекнува од именски форми од македонскиот јазик, односно од топонимската синтагма: Балин Дол кое е придавно образување од личното име Балин, Бало,-а кое доаѓа од имињата Балдовин, Братислав, Братољуб, Благомир и Благољуб. Како второ објаснување е семејното име Балинци што доаѓа од атрибутската синтагма Балини/Балинји (Балинови) што повторно се поврзува со личното име Балин.[2]

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Воздушен поглед на селото со поглед на регионалниот пат 1401 низ него

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, во средишниот дел на плодното Валандовско Поле, чиј атар на тесен дел се допира со подрачјето на Општина Гевгелија.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 105 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 5,5 километри.[3]

Низ селото поминува регионалниот пат 1401, кој ја поврзува Струмица со селото Марвинци.

Remove ads

Историја

Thumb
Панорама на селото во 1931 година

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[4]

Стопанство

Атарот на селото не е многу голем и зафаќа простор од 5,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 294,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 178,4 хектари, додека на пасиштата 34,4 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото имало земјоделска задруга, а денес има продавници и угостителски објекти.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 23 домаќинства со 85 жители христијани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Балинци живееле 150 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Балинци имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Во 1961 година селото било мало и броело 280 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 333 жители, од кои 241 Македонец, 84 Срби, а осум жители Роми.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Балинци имало 328 жители, од кои 242 Македонци, 78 Срби, 7 Роми и 1 останат.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 366 жители, од кои 281 Македонец, 82 Срби и 3 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads

Општествени установи

  • Дом на култура
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Балинци било македонско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Балинци се наоѓале градот Валандово и селата Брајковци, Грчиште, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0293 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 270 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 279 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[18]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads