Црква „Св. Димитриј“ - Бојмица

црква во Бојмица, Гевгелиско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Бојмицаmap
Remove ads

Свети Димитриј (грчки: Άγιος Δημήτριος) — црква во гратчето Бојмица, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]

Кратки факти Свети Димитриј, Место ...
Remove ads

Историја

Во 1843 г. османлиската власт дала дозвола за изградба на црква во селото. Жителите веднаш почнале со изградбата на „Св. Димитриј“, завршувајќи ја во 1859 г.[4]

Thumb
Христос Седржител, фреска од таванот на средниот кораб

Архитектура

Црквата е трикорабна базилика, типична за своето време. По населувањето на грчките доселеници во 1922 г. црквата е проширена на запад. Храмот има внатрешни димензии од 24,40 × 9,65 м. Корабите се одделени од девет пара столбови, од кои последнииот пар е зад иконостасот. По издолжувањето на црквата на запад, трем останал само на југ. Нишите на ѓаконикот и жртвеникот се вградени во дебелината на самиот источен ѕид, а нишата на олтарот е полукружна и одвнатре и однадвор. Храмот има три влеза — два од југ и еден од запад. Од нив оригинален е само јужниот, и во нишата над него има дел од фреска на покровителот Димитрија Солунски. Ѕидаријата е направена од речни камења, а аглите се од камени блокови изделкани правоаголно.[1]

Remove ads

Внатрешност

Од особен интерес е внатрешноста на црквата. Живописана е од 1860 до 1862 г. од познатиот зограф Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Таваните имаат силни бои и геометриски форми. Предниците на аркадите имаат наивни фрески со сцени од житието на Христос. Владичкиот престол и амвонот се резбани и насликани со силни бои. Јужно од црквата има куловидна камбанарија.[1] Во храмот има икони од Авраам Папандреу (1852) и Дамјанос Георгиу (1869, 1871, 1873), на кулакискиот зограф Николаос Константину и на Димитар Вангелов од Петрово, Ениџевардарско.[5]

Во 1981 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][6]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads