Црква „Св. Димитриј“ - Дихово

црква во селото Дихово From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Диховоmap
Remove ads

Свети Димитриј — главна селска црква во битолското село Дихово.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Локално е позната како Горна Црква и градена е како патријаршистичка за време на грчката пропаганда во селото.

Remove ads

Опис

Црквата претставува мала трикорабна градба со интересно обликувана камбанарија прилепена на западната фасада. Апсидната конха од надворешната страна е карактеристична по високиот прозорец во средината и дванаесетте плитки ниши, поставени по шест лево и десно од него. На јужната фасада од црквата оставени се два посебни влезови од кои едниот комуницира со наосот, а другиот, оној источниот, служи за директно влегување во олтарниот простор. Над влезот во наосот, во полукружна ниша, постои сликана претстава, со допојасјето на Свети Димитриј. Во подножјето на овој простор, насликан во поново време испишана е годината 1830. Според внатрешниот изглед на црквата, може да се заклучи дека и таа најверојатно настрадала во периодот на Првата светска војна. На ѕидовите од наосот и олтарниот простор не постојат траги од ѕидно сликарство.

Иконостасот во храмот изработен е во 1942-43 година, дело е на копаничарот Ѓорѓи Караџовски.[2] Тој е составен од три реда на икони, кои потекнуваат од периодот помеѓу двете светски војни. На поголемиот дел од нив, испишана е 1931 годината. Сепак, како сведоштво дека црквата егзистира од постар датум се неколкуте сочувани икони од 18 и 19 век. Значајна е претставата на Распетието Христово од 1785 година, дело на познатиот корчански мајстор Константин Зограф, кој заедно со неговиот брат и близок соработник Атанас, оставиле како сведоштва на својата работа, многу насликани ансамбли и икони на териториите на денешна Албанија, Света Гора, северна Грција а присутни биле и во неколку цркви во потпелистерскиот дел, како Дихово, Велушина и Претор.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads