Црква „Св. Димитриј“ - Дихово
црква во селото Дихово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј — главна селска црква во битолското село Дихово.[1]
Локално е позната како Горна Црква и градена е како патријаршистичка за време на грчката пропаганда во селото.
Remove ads
Местоположба
Црквата е средишниот храм на селото, сместена меѓу куќите во средишниот дел на селото.[2]
Архитектура
Црквата претставува мала трикорабна градба со интересно обликувана камбанарија прилепена на западната фасада. Апсидната конха од надворешната страна е карактеристична по високиот прозорец во средината и дванаесетте плитки ниши, поставени по шест лево и десно од него. На јужната фасада од црквата оставени се два посебни влезови од кои едниот комуницира со наосот, а другиот, оној источниот, служи за директно влегување во олтарниот простор. Над влезот во наосот, во полукружна ниша, постои сликана претстава, со допојасјето на Свети Димитриј. Во подножјето на овој простор, насликан во поново време испишана е годината 1830.
Фрескоживопис
Според внатрешниот изглед на црквата, може да се заклучи дека и таа најверојатно настрадала во периодот на Првата светска војна. На ѕидовите од наосот и олтарниот простор не постојат траги од ѕидно сликарство.
Икони и иконостас
Иконостасот во храмот изработен е во 1942-43 година, дело е на копаничарот Ѓорѓи Караџовски.[3] Тој е составен од три реда на икони, кои потекнуваат од периодот помеѓу двете светски војни. На поголемиот дел од нив, испишана е 1931 годината. Сепак, како сведоштво дека црквата егзистира од постар датум се неколкуте сочувани икони од 18 и 19 век. Значајна е претставата на Распетието Христово од 1785 година, дело на познатиот корчански мајстор Константин Зограф, кој заедно со неговиот брат и близок соработник Атанас, оставиле како сведоштва на својата работа, многу насликани ансамбли и икони на териториите на денешна Албанија, Света Гора, северна Грција а присутни биле и во неколку цркви во потпелистерскиот дел, како Дихово, Велушина и Претор.
Remove ads
Галерија
- Ниша до влезната порта
- Детаљ во нишата
- Базен за верски обреди
- Апсидата
- Задниот дел
- Источната страна
- Споредниот влез
- Споредниот влез
- Камбанаријата
- Слика на Свети Димитриј над влезот
- Главниот влез
- Ниша над споредниот влез
- Внатрешноста
- Иконостасот
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



