Ѓорѓи Караџовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѓорѓи Караџовски (Охрид, 1916 – Битола, 1989 ) – македонски резбар.[1]
Животопис
Караџовски бил роден во Охрид 1916 година каде го завршил Резбарското училиште. Во 1937 година се доселил во Битола и го работел иконостасот за гробјанската црква „Св. Петар и Павле“. Тоа бил почеток на натамошните креативни зафати на иконостаси, црковен мобилијар и други предмети работени во резба.[1]
Починал 1989 година во Битола.
Творештво
Делата на Караџовски претставуваат величествени споменици на креативниот творечки дух на авторот, доследен на македонската уметничка традиција. Ги изработил иконостасите во црквите:
- „Св. Петар и Павле“ во Битола – 1937
- „Св. Јован Богослов“ во Битола – 1937
- „Св. Константин и Елена “ во с. Лавци – 1940
- „Св. Димитриј“ во с. Дихово – 1942-43
- „Св. Богородица“ во Чајниче – 1958-60
- „Св. Наум“ во Битола – 1960
- „Св. Сава“ во Њујорк – 1962
- „Св. Никола“ во Џонстон, САД – 1964
- Црква во Виндзор, Канада – 1967-68
- „Св. Архангел Михаил“ с. Буково – 1982-84
Во 1944 година го изработил владичкиот стол и шест други столови за поповите во црквата „Св. Богородица“ во Битола.
Други негови дела се наоѓаат во:
- Католичката црква во Битола (певница и чесен престол),
- Црквата „Св. Атанасиј“ во Богданци (чесен престол),
- Митровица (заветен кип на „Св. Богородица“ од мермер) и
- Сопоќани (певница и чесен престол).[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads