Црква „Св. Димитриј“ - Кованец

црква во селото Кованец From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Кованецmap
Remove ads

Свети Димитриј — главна селска црква во гевгелиското село Кованец.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа на неколку стотина метри пред селото, непосредно на левата страна од патот кој води од селото Негорци.

Во дворот на црквата се сместени и селските гробишта.

Историја

Црквата е изградена во 1860 година, а била обновена во 1907 година. Нејзин градител е познатиот неимар, резбар и зограф Андон Китанов.[1]

Архитектура

Градбата на црквата е трикорабна, со рамни и обоени тавани во горните партии. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на шест столбови во два реда.[1] Кон јужната и западната страна на црквата е доградена припрата. Влезната порта на црквата е сместена на јужната страна, а над неа има ниша со полукружна фреска на којашто е претставен ликот на Свети Димитриј и околу којашто е запишано името на светецот. На источната страна од црквата има полукружна апсида со правоаголен отвор во средишниот дел. Камбанаријата на црквата е со квадратна основа и се издига над кровот.

Фрескоживопис

Внатрешноста на црквата е зографисана, а фрескоживописот е од XIX век. Во текот на XIX биле изработени и иконите, како и царските двери. Иконостасот е изработен од дрво и делумно е украсен со убава резба. Царските двери се изработени од страна на мајстор од дружината на Андон Китанов.[1]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads