Кованец
село во Општина Гевгелија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кованец или Кованци — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.
Remove ads
Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено во подножјето на планината Кожуф.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 290 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 17 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 17,6 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.617 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 120 хектари, а на пасиштата само 0,5 хектари.[2]
До селото води асфалтен пат преку селото Негорци од кое е оддалечено 8 километри. Низ Кованец протекува малата Кованска Река, која е десна притока на реката Вардар и која често пресушува во текот на летото.
Remove ads
Историја
Подрачјето на Кованец е населено уште од железното време, за што сведочат наоѓалиштата Гроздени Дупки и Манастир Св. Атанас на 3 км западно од селото.[3]
Во XIX век, Кованец било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.
Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[4]
Стопанство
Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кованец имало 200 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кованец имало 208 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]
Кованец е мало село, коешто во 1961 година броело 258 жители, а во 1994 година 212 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Кованец имало 177 жители, од кои 176 Македонци и 1 Србин.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 149 жители, од кои 145 Македонци и 4 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Ристо Шуклев“ до V одделение[14], подрачно училиште на ОУ „Ристо Шуклев“ - Негорци. Училиштето по неговото затворање во учебната 2000/2001, со обнова на фасадата и неговата внатрешност било повторно ставено во функција во 2016 година.[15]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Кованец се наоѓале и селата Негорци, Прдејци, Серменин и Смоквица.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 359 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 144 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Цркви[18]
- Црква „Св. Димитриј” — главна селска црква
- Археолошки наоѓалишта[3]
- Гробишта — населба и некропола од доцнантичкото време
- Гроздени Дупки — населба од железното време
- Ѓурова Нива — населба од доцнантичкото време
- Лешките — населба од доцнантичкото време
- Манастир Св. Атанас — населба од железното и доцнантичкото време
- Мучарад - Дубрава — сакрален објект од средниот век
- Чешмата — населба од доцноантичкото време
- Реки[19]
- Кованска Река — десна притока на Вардар
Remove ads
Личности
Галерија
- Страничен поглед на училиштето
- Дел од селото
- Поглед на училиштето на сретсело
- Табла пред влезот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads