Црква „Св. Илија“ - Коњско
црква во селото Коњско, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија — главна и единствена манастирска црква на Коњскарскиот манастир во селото Коњско, Македонија.[1]
Црквата со својата местоположба кај заливот Лиса пружа прекрасен поглед на Преспанското Езеро.[2]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа на околу 2 километри северозападно од селото, изградена на карпа на самиот брег на Преспанското Езеро.[3]
Црквата се наоѓа околу 2 километри од селото Коњско и околу 6 километри од селото Стење. До нејзе може да се стигне преку возило преку макадамски пат, како и пеш преку стрмна тесна патека. И двете се издвојуваат од локалниот пат помеѓу двете села.[2]
Историја
Црквата била подигната во 1922 година на стари темели, што се забележува и од натписот во нишата над влезот, каде стои 10 мај 1922 година. Во нејзина непосредна близина постојат остатоци од градби кои упатуваат на претпоставката дека во минатото тука се наоѓал манастир.[3] Претходната градба на црквата се верува дека потекнува од 1870 година.[2]
Денес, манастирот е обновен.
Архитектура
Фрескоживопис
Црквата не поседува фрескоживопис.
Иконостас
Во внатрешноста на црквата има иконостас.
Галерија
- Поглед на црквата од езерото
- Внатрешноста на црквата
- Поглед на црквата
- Ниши над влезот на црквата
- Поглед на влезот
- Влезот во црквата
- Поглед на црквата
- Црквата со помошниот објект
- Страничен поглед
- Погледот на Преспанското Езеро од црквата
- Иконостасот во црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads