Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Пештани
црква во селото Пештани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Кузман и Дамјан (поретко како Свети Врачи) — главна селска црква во охридското село Пештани.[1] Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Пештани.
Црквата претставува главен парохиски храм на Пештанската парохија.[2]
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена во јужниот дел на селото Пештани.[3] Се наоѓа зад првиот ред куќи покрај регионалниот пат Охрид-Свети Наум.
Историја
Црквата е возобновена во 1844 година.[2] Се верува дека на ова место се наоѓала црквата „Св. Богородица Одигитрија“ (Патеводителка), која е спомената во натписот од црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид.[3] Археолошките остатоци од оваа стара црква се познати како Црквиште.
Архитектура
Била градена од кршен камен, кој бил обработен на вратите и прозорците. Венецот е изграден од бигор. Црквата поседува седумстрана апсида.[3]
Од надворешна страна бил дограден трем со дрвена конструкција.[3]
Фрескоживопис
Црквата го добила својот живопис во 1944 година од страна на зографот Рафаил Крстов со синовите Крсте и Владимир од Лазарополе, додека олтарот и пантократот биле фрескоживописани во 1997 година од страна на уметникот Драган Ристески од Охрид.[2]
Иконостас
Црквата поседува иконостас, каде се наоѓаат 17 новонасликани икони. Сепак, истиот поседува и вредни икони, кои се евидентирани од страна на Управата за заштита на културното наследство.[3]
Галерија
- Камбанаријата
- Годината на изградба на камбанаријата
- Селските гробишта
- Фреска на портата
- Камбанаријата
- Поглед на црквата
- Камбанаријата
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Апсидата
- Поглед на црквата
Поврзано
- Црквиште — археолошко наоѓалиште на старата црква на ова место
- Пештани
- Дебарско-кичевска епархија
- Охридско архијерејско намесништво
- Пештанска парохија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads