Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Плетвар
црква во селото Плетвар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Кузман и Дамјан — главна и единствена црква во селото Плетвар.[1] Сместена е во крајниот североисточен дел од селото, на височина која доминира во однос на остатокот од селото.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена во 1862 година и била осветена од страна на Преспанско-пелагонискиот митрополит Бенедикт. Внатрешноста на храмот била живописана во 1865 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа и претставува полукружно засводен трикорабен храм со полукружна апсида на источната страна. Во западниот дел од црквата има галерија подината на кат и затворен трем.[2]
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига над самата ограда и на нејзината предна страна се наоѓа влезната порта која од дворот на црквата. Таа има квадратна основа во долниот дел кој е повисок, а над него има помал осумаголен дел во кој е сместено ѕвоното. На секоја од четирите страни во долниот дел има по една монофора, додека осумте страни на вториот дел се отворени. Камбанаријата во целост е обоена во бела боја.
Remove ads
Галерија
- Галеријата на црквата
- Галеријата со камбанаријата
- Камбанаријата со влезната порта
- Ѕвоното на камбанаријата
- Плоча со натпис на српски јазик
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads