Црква „Св. Марина“ - Шемолтос
црква во Шемолтос, Зихненско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Марина (грчки: Βασιλική της Αγίας Μαρίνας) — ранохристијанска црква во селото Шемолтос, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Remove ads
Архитектура
Храмот е откриен по Втората светска војна. Претставува проста трикорабна базилика. Надворешните ѕидови немаат рамномерна дебелина — источниот е 0,80 м, северниот 0,90 м, а јужниот 0,84 м. Од атриумот на базиликата е зачуван само еден ѕид. Нартексот има димензии 13,30 × 2,50 м. Во него водат две врати од запад, а други две се наоѓаат на северниот и јужниот ѕид.[1] Наосот има надворешни димензии од 16,80 × 13,30 м. Се влегува преку три врати од нартексот спроти секој кораб на наосот. Трите кораба се поделени со столбови, широки 0,66 м. Трите јонски капитела од базиликата се во малата црква „Св. Димитриј“, изградена на растојание од 200-300 м. Поради скромните димензии, храмот веројатно имал галерија. Целиот под на базиликата бил покриен со плочи со димензии 0,35 × 0,25 м.[2]
Врз остатоците од конхата на апсидата е изграден истоимен параклис.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads