Црква „Св. Недела“ - Велес
црква во Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Недела — црква во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е изградена во средниот век. Сместена е на стрмна карпа од десната страна на реката Тополка, кај нејзиното устие во Вардар и на околу 300 м западно од црквата „Св. Димитриј“. Судејќи по градбата и остатоците од живописот, храмот му припаѓа на византискиот период. Изгледа служела како храм на Велешката тврдина од Стариот Град, и се наоѓа на неговиот северен крај.
Храмот е доста посетуван, претежно на Цветници, Великпеток и во неделите од Велигден до Спасовден.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads