Тополка

река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Тополкаmap
Remove ads

Тополкарека во средишниот дел на Македонија и десна притока на реката Вардар.[1]

Кратки факти Тополка Бегова РекаГолема Река, Местоположба ...

Нејзината должина изнесува 45 километри, а сливното подрачје зафаќа површина од 333,9 км2.[2] Извира високо на планинскиот масив Мокра Планина во пределот под врвот Солунска Глава и протекува долж средишниот дел на Македонија во околината на градот Велес.

Remove ads

Потекло на името

Thumb
Поглед на течението на реката Тополка низ клисурата пред нејзиниот влив во Вардар, од ридовите кај црквата „Св. Недела“ и Велешкото кале

Името на реката Тополка води потекло од името на дрвото „топола“ (Populus), кое расте и во многу голема мера е застапено покрај бреговите и вдолж целото течение на реката. Потеклото на името (топонимот) тополка е од македонскиот јазик со значење од растителниот свет, флората, односно означува река крај која растат и има многу тополи, што соодветствува со течението на Тополка. Во одредени делови вдолж своето течение, особено во горниот тек, реката Тополка е позната и под други имиња. Од изворот до селото Горно Јаболчиште се вика Бегова Река, од Горно Јаболчиште е позната под името Голема Река, а дури со влегувањето во Бабунската Котлина се здобива со името Тополка.[2][1]

Remove ads

Течение

Реката Тополка извира на падините на планината Јакупица во планинскиот масив Мокра над селото Горно Јаболчиште. Поточно нејзините извори се наоѓаат на југоисточната страна на Мокра Планина под нејзиниот врв Десиловец (на Бегово или „Кадино“ Поле).[3] Изворот под Горно Бегово се наоѓа на надморска височина од 2.010 метри.[1]

Од изворите до селото Горно Јаболчиште тече во североисточен правец, од каде што продолжува да тече кон исток до селото Дреново.[3] Во изворишното подрачје и долж горното течение тече во правец запад-исток помеѓу планините Голешница, која од север ја одделува од течението на Кадина Река и Јакупица, која од југ ја оддделува од сливното подрачје на Бабуна, за потоа да сврти кон југ и југоисток долж средното течение, кое се протега во котлинскиот дел на Велешко.

Во пределот од селото Дреново до Голозинци, Тополка тече во правец кон југоисток.[3] Непосредно по одминувањето на населбата Чашка, каде се наоѓа најблиското растојание помеѓу тековите на Тополка и реката Бабуна, од само 850 метри, реката Тополка го напушта зарамнетиот котлински дел и навлегува во стрмна карпеста клисура низ која во насока кон североисток[2] тече во целото долно течение сè до нејзиниот влив во Вардар, непосредно крај последните куќи на јужниот крај и излез на градот Велес. До вливот во реката Вардар, вкупната должина на реката Тополка изнесува 45 километри. Во своето течение долго 43,5 (односно 45) километри Тополка прима неколку притоки од кои најзначајни се Врановска и Мелничка Река од десната и Мала Река од левата страна.[3]

Remove ads

Хидро-географски одлики

Thumb
Воздушен поглед на езерото Лисиче

Реката Тополка е долга 45 километри, зафаќа сливна површина од 333,9 км2 и има релативен пад од 41‰, односно вкупен пад од 1.853 метри. Во горниот тек тече низ длабока кањонска долина изградена во микашисти и гранитоидни гнајсеви дисецирани со тековите на притоките. Во Бабунската Котлина карактеристично е лактестото свртување во Раковечкото Поле од каде Тополка тече кон североисток сè до вливањето во Вардар. Во долниот тек падот е намален и тука Тополка, пред да влезе во малата клисура кај утоката, изградила од фин речен нанос пространа алувијална рамнина.[2]

Водостопанско искористување на водите

Од изворите и водите на реката Тополка, долги години со вода за пиење се снабдува градот Велес. На оваа река е изградена браната Лисиче, висока 66 метри, широка околу 2.400 метри и долга 2.000 метри, преку чија акумулација со вода за пиење се снабдува градот Велес. Во селата вдолж средното течение на реката Тополка, како што се Лисиче, Голозинци, Раковец и други, поради поволните услови на теренот е развиено и застапено одгледувањето на ориз во бројни оризишта од двете страни на реката, со што овој дел на Велешко по течението на Тополка е втор по големина производствен регион на ориз во Македонија, после Кочанската Котлина. Во долното течение на реката Тополка во клисурестиот предел во непосредната близина на градот Велес, од населбата Превалец сè до вливот во Вардар, во минатото работеле поголем број на воденици во кои се мелело жито, од кои денес постојат и повремено работат само неколку.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads