Црква „Св. Никита“ - Горњане

црква во селото Горњане From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никита“ - Горњанеmap
Remove ads

Свети Никита — главна и единствена манастирска црква на средновековниот Горњански манастир во скопското село Горњане.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Оваа средновековна црква се наоѓа на едно возвишение наречено Тромеѓа, под кое се наоѓаат селата Горњане, Бањане и Чучер. Различни автори различно наведуваат кому припаѓала оваа црква, која ја користеле селаните од сите три села.[2]

Катастарски објектот на црквата се наоѓа во атарот на селото Горњане.

Историја

Историските податоци навестуваат дека црквата е византиска градба и можеби потекнува од XII век, од кога потекнуваат и други византиски градби околу Скопје. Меѓутоа, таа градба подоцна била срушена и црквата заедно со манастирот биле обновени во 1307 година од страна на српскиот крал Милутин.[2] Сепак, најновите истражувања покажуваат дека можеби црквата била подигната подоцна, во периодот 1319-1320.[3]

Низ историјата црквата била повеќепати поправана и доградувана.[4]

Remove ads

Архитектура

Градбата на црквата има облик на впишан крст во правоаголен простор, со купола врз висок тамбур. Била изградена од делкан камен, тули и малтер. Керамопластичната декорација на фасадите е особена застапена при обликувањето на олтарната апсида.[3] Фасадата е збогатена и со слепи аркади исполнети со најразлични геометриски орнаменти.[4]

Фрескоживопис

Црквата е целосно живописана. Тоа било направено во 1316 година.[2] Истиот е добро зачуван. Имињата на зографите може да се видат врз штитот на фреската на Свети Теодор Тирон, насликана во првата зона. Тоа се потписите на прочуените средновековни сликари, Михаил и Евтихиј. Тие работеле и на фрескоживописот во црквата „Богородица Перивлептос“ во Охрид, а во 1317 година и голем дел од живописот на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Старо Нагоричане.[3]

Овој фрескоживопис се смета за значајно дело во средновековната уметност во Македонија, поради својот богат иконографски репертоар и високите ликовни вредности.[3] Најголемиот дел е насликан во периодот на нејзиното градење, додека од поново време (од XIX век) е единствено фрескоживописот околу куполата.[4]

Во првата зона внимание привлекува фигурата на патронот на црквата „Св. Никита“, претставен во панцирна облека, со копје во десната и лак за стрели во левата рака. Од неговата десна страна, како воин во панцир и со целосно вооружување, е претставен „Св. Ѓорѓи“, а левата страна „Св. Стефан Првомаченик“. Во втората зона впечатливи се композициите „Изгонувањето на трговците од храмот“ и „Свадбата во Кана Галилејска“, а во третата зона сцените од страдањата Христови.[3]

Ова сликарство споредено со тоа во „Св. Богородица Перивлептос“ покажува развојна фаза и наместо монументалност се забележува наративен карактер на насликаните ликови и композиции.[3]

Сликарството од поново време било извршено од страна на Дичо Зограф, кој во темето на куполата на наосот ја пресликал Божествената литургија со Исус Седржител, запазувајќи го инкарнатот и линијата на облиците изведени од постарите мајстори.[5]

Иконостас

Кон крајот на 1846 година и почетокот на 1847 година, Дичо Зограф ги изработил иконите за целиот иконостас и ѕидното сликарство во куполата на наосот во црквата.[5]

За потребите на иконостасот ги изработил престолните икони Исус Христос Седржител, Богородица со Христос, Свети Јован Претеча, Свети Никита, Архангел Михаил, Крунисување на Богородица, Свети Ѓорѓи и Свети Димитриј, која денес се чува во оваа црква и стои потпрена на долниот дел од иконостасот се претпоставува дека припаѓала на иконостасот од црквата „Св. Троица“ во село Чучер.[5]

Дичо, исто така, ги изработил и царските двери, иконите со апостолите, празничните икони, крстот над иконостасот и мала икона Богородица со Христос и светители.[5]

Дела на Дичо Зограф, 1846-1847 г.
Remove ads

Занимливост

Во внатрешноста на црквата постои камен под кого се верува дека се наоѓаат моштите на светецот Никита.

Со овој камен поврзан е и ритуал, односно секој кој има некаква мака или желба доаѓа во црквата и најпрвин пали свеќа. Подоцна, клисарот на црквата ќе го тргне тепихот под кој се наоѓа самиот камен. Човекот ќе застане со лицето кон олтарот. Ќе се прекрсти, ќе направи круг и ќе се поклони свртен кон олтарот. Ова ќе го повтори трипати. По последниот круг се кажува молитвата „Оче наш“ и се кажува маката или желбата.[6]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads