Црква „Св. Никола“ - Љубанци (манастирска)
црква во селото Љубанци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — главна и единствена манастирска црква на Љубанскиот манастир во скопското село Љубанци.[1] Црквата, заедно со целиот манастирски комплекс, е прогласена за споменик на културата на Македонија.
За други значења на поимот, погл. Црква „Св. Никола“ - Љубанци.
Remove ads
Местоположба
Манастирот е сместен северно од селото Љубанци, вгнезден во планинската падина на Скопска Црна Гора.[2]
Историја
Народната традиција наведува дека црквата била обновена во 1847 година. Таа била подигната од истите мајстори и зографи, како и соборната црква „Св. Богородица“ во Скопје.[2]
Архитектура
Храмот е релативно мал. Во текот на XX век, црквата се наоѓала во лоша состојба, како и целиот манастир.[2]
Фрескоживопис
Црквата поседува живопис, кој потекнува од 1881 година.[2]
Иконостас
Познатиот мајстор Дичо Зограф во 1853 година ги изработил престолните икони за црквата. Тоа биле иконите: „Богородица со Христос“, „Исус Христос Седржител“, „Св. Јован Претеча“, „Св. Никола“ и „Св. Три Јерарси“.[3]
Галерија
- Страничен поглед
- Дел од внатрешноста
- Иконостасот
Поврзано
- Љубанци
- Скопска епархија
- Северноскопско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads