Општина Бутел
Општина во Град Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Бутел — општина во состав на град Скопје која се наоѓа во неговиот краен северен дел. Основана е согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, а градоначалник на општината е Дарко Костовски. Бутел е четврта по големина општина во Скопје, осма по бројот на жители, а произлегла од територијата на Oпштина Чаир во 2005 година.
- За други значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.

Remove ads
Географија
Општина Бутел е една од урбаните општини во Република Македонија. Се наоѓа во Град Скопје, во северниот дел на државата. Се граничи со Општина Чучер-Сандево, на југозапад со Општина Карпош, а на северозапад со Општина Шуто Оризари.
Демографија
Општина Бутел зафаќа површина од 60,79 км2, вкупно население 36.154, а има густина на населеност од 594,73 жители/км2. Етничкиот состав на општината е следниов[2]:
Населби и населени места
Во својот состав општината опфаќа 4 села и 4 населби:
- Села
- Населби
- Бутел I
- Бутел II
- Скопје Север
- Радишани
- Љуботенски Пат
Општествени установи
Основни училишта:
- ОУ Гоце Делчев с. Љубанци,
- ОУ Лиман Каба с. Љуботен,
- ОУ Ацо Шопов Скопје,
- ОУ Св. Климент Охридски Скопје',
- ОУ Живко Брајковски Скопје,
- ОУ Панајот Гиновски Скопје,
- ОУ Петар Здравковски Пенко Скопје,
Самоуправа и политика
Во 2017 година, општината имала вкупно 586 вработени, од кои 56 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[3] Градоначалник на општина Бутел е Велимир Смилевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Бутел е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

ВМРО-ДПМНЕ: 8 места
СДСМ: 8 места
ДУИ: 1 место
БЕСА: 1 место
АА: 1 место
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
- ФК Бутел
- KK Лирија
- ТКД Бутел
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads