Црква „Св. Никола“ - Беловодица
црква во селото Беловодица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — црква во селото Беловодица.[1] Сместена е во југоисточниот дел од селото, на височина која и овозможува доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена и живописана во 1885 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата претставува трикорабен храм со полукружна апсида на источната страна која е украсена со пет слепи ниши. Црквата содржи галерија на кат која се наоѓа во западниот дел.[2] Влезот е од западната страна и над него има ниша со фреска на која е насликан Свети Никола.
Многу од иконите во црквата се дело на мајсторот Ефтим Спасов. Иконата на Богородица со димензии 92 × 63 см е потпишана со натписот „Из руки го Ефтим Спасовичъ Зографъ от Гари 1885“.[3]
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата е сместена непосредно пред влезот на црквата од десната страна. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои горниот има незначително помала основа. Обата дела имаат по еден залачен отвор на секоја страна.
Remove ads
Галерија
- Западната страна на црквата
- Апсидата на црквата
- Камбанаријата
- Селските гробишта
- Помошен објект во дворот на црквата
- Фреска на Богородица Ширшаја
- Фреска на Христос Седржителот
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads