Беловодица

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Беловодицаmap
Remove ads

Беловодица или Белица[2] — село во областа Раец, во Општина Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Беловодица се наоѓа на 18 километри источно од градот Прилеп и на 1 километар од патот Прилеп-Скопје, по долината на реката Раец, на северните падини на планината Дрен. Селото е ридско и се простира на надморска височина од 673 м.[3]

Историја

Селото Беловодица се споменува како селиште во Втората и Третата грамота со кои царот Стефан Душан му подарил бројни имоти на манастирот Трескавец. Според Втората грамота, издадена кон крајот на 1343 или во почетокот на 1344, манастирот го поседувал, со „сите правини“, селиштето Бела Водица, што го приложил тепчијата Градислав (cu).[4] Во Третата грамота, издадена во 1344/45, се конкретизира, односно, подробно се опишува манастирскиот имот, без да се наведе тепчијата Градислав. Имено, селиштето Бела Водица се подарува со нивите, водениците, пасиштата и со ридот (планината). Притоа, повторно се нагласува дека имотот му се дава на манастирот со „сите правини“ (cu).[4]

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[5]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото (тука наречено „Белица“) било село во Прилепската каза со 40 домаќинства и 185 жители.[2]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Беловодица живееле 510 жители.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Беловодица имало 576 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Беловодица се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 72 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[9]

Беловодица, поради иселувањето на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 356 жители, а во 1994 година 18 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Беловодица живееле 24 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Беловодица е македонско село.

Родови од селово се следниве:

  • Староседелци: Страшиковци (25 куќи), Аџијовци (3 куќи) и Анѓелевци (19 куќи).
  • Доселеници: Славевци (6 куќи), Бочовци (1 куќи), Мојсовци (15 куќи) и Вазлијовци (5 куќи) се доселенички родови со непознат крај во ХVIII век; Мијаковци или Кликушовци (9 к.), доселени се од мијачкото село Галичник во почетокот на XIX век; Врсаковци (3 куќи) доселени се од мариовското село Градешница во почетокот на XIX век; Чивличијовци (3 куќи) доселени се од мариовското село Крушевица во средината на XIX век; Радобилци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од Радобил во 1870 година; Ѓорговци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од Живово во Мариово, во 1895 година; Китевци (1 куќа) потекнуваат од домазет Ордан кој дошол од Фариш во 1900 година; Кулевци (1 куќа) потекнуваат од домазет Борис кој дошол од Мрзен Ораовец; Грбавци (1 куќа) потекнуваат од домазет Стојан кој дошол од Грбовец во 1906 година; Цоцовци (1 куќа) потекнуваат од домазет Ѓорге кој дошол во 1907 година од Гуѓаково во Мариово; Баба-Брезкинци (1 куќа) потекнуваат од домазет Стојан кој дошол од Царевиќ во 1910 година (во Царевиќ неговиот род е доселен од мариовското село Галиште); Кулевци (1 куќа) потекнуваат од домазет Пецо кој дошол од Мрзен Ораовец; Марчевци (1 куќа) потекнуваат од домазет Трајче кој дошол од Дуње во Мариово, во 1911 година; Ристовци (1 куќа) потекнуваат од домазет Боше кој дошол како домазет од Крушевица во Мариово, во 1918 година; Дујевци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од Царевиќ во 1919 година.[15]
Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; а во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Плетвар.

Во периодот 1955-1962, селото било дел од тогашната општина Плетвар, во која покрај селото Беловодица се наоѓале селата Голем Радобил, Дрен, Крстец, Лентите, Мал Радобил, Никодин, Ореовец, Плетвар, Ракле, Смолани, Топлица, Тројаци и Царевиќ.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1423 кое е сместено во поранешното основно училиште.[16]

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Црквата „Св. Никола“
Thumb
Илинденскиот споменик
Археолошки наоѓалишта[18]
Манастири
Цркви
Споменици
  • Споменик посветен на Илинденското востание.
Реки
  • Бела Река.
Езера
  • Беловодичко Езеро — вештачка акумулација изградена во 1991 година; и
  • Мармерно Езеро — привремена вештачка калумулација создадена од напуштен рудник за мермер.


Remove ads

Личности

Починати во Беловодица
  • Александар Спирков (? – 1903) — македонски револуционер;
  • Димитар Сливјанов (1876–1903) — македонски револуционер; и
  • Тале Христов (1878–1903) — македонски револуционер.

Галерија

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads