Црква „Св. Никола“ - Дутлија

црква во Дутлија, Серско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Дутлијаmap
Remove ads

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάουсредновековна црква во селото Дутлија, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е парохиски храм.[3]

Кратки факти Свети Никола, Место ...
Remove ads

Описание

Thumb
Надвлезна фреска на Свети Никола
Thumb
Царски двери (XIX век), денес во Серскиот црковен музеј.

Ова е парохиска црква изградена во XII век, и се наоѓа на сретселото. Има скромни димензии од 5,70 × 5,80 м без конхата. Претстаува крстокуполна црква со четири столба. Овие столбови и арките се потпора за средишната купола, која покрива доста голем дел од црквата. Апсидата е придодадена непосредно кон источниот дел на крстот. Храмот е изграден камен со редови од украсни тули. Куполата е осумстрана и направена од тули, а апсидата е тристрана. Додавањето на грда припрата од западната страна во 1851 г. и современата бетонска покривна конструкција значително го измениле изворниот изглед на градбата.[1]

Поголемиот дел од внатрешноста покриен со поствизантиски и понови фрески. Нешто пред 1971 г. е откриен дел од првичниот фрескопис од 1171 г. на источниот ѕид, во делот лево од нишата на ѓаконикот под дебел слој од малтер[3] Фреската на Свети Дамјан не е во многу добра состојба. Светецот е претставен од напред и во полн раст. Во левата рака држи послужавник со медицински инструменти и изработен е од провинциска работилница. Покажува сличности со карпестата фреска на Богородица во Дервешен (1382). Подоцна, со остранување на поновите фрески, разоткриени се уште четири фигури од првобитниот живопис — тројца светци во полн раст на јужниот ѕид од наосот и Свети Јован Крстител во нишата на ѓаконикот.[1] Иконостасните икони се од XIX век.[3]

Архитектонскиот стил на црквата и поедините морфолошки црти се врзани со градителската традиција на Цариград и ја датират во XII век.[1]

Во парохијата на оваа црква припаѓаат и храмовите „Св. Пантелејмон“ и „Св. Константин и Елена“ и „Св. Илија“.[3]

Во 1962 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads