Дутлија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дутлијаmap
Remove ads

Дутлија или Горен (грчки: Ελαιώνας, Елеонас; до 1922 г. Ντουτλή, Дутли[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци,[3] кои денес се половина од населението.

Кратки факти Дутлија Ελαιώνας, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на јужните падини на планината Шарлија, на 9 км североисточно од Сер. Лежи во долината на реката Серовица, овде оградена со височини и маслинарници.[4]

Историја

Во Отоманското Царство

Црквата „Св. Никола“ е од XII век.[4]

Според месни преданија старото село Горен се наоѓало во тесната клисура во месноста Стронген, каде бил и манастирот „Св. Богородица“. Во Средновековието селото било чифлик на манастирот „Св. Јован Претеча“.[5] Во 1319 г. се спомнува Горјанци (Γκορεαντζη), имот крај Долна Струма; според Јордан Иванов се работи за ова село, а не за Горенци.[6]

Во XIX век Дутлија било чисто македонско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Дутли (Doutli) имало 49 домаќинства на 185 жители Македонци.[7][8]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Дутлија:

Дутли (Горенци): христијанско село; 1 црква, камена, изградена уште од времето на српскиот крал Стефан Душан. Жителите се Македонци.[7] Во таа епоха било чифлик на манастирот „Свети Претеча“. В селото има многу воденици. Климата е здрава и поради тоа многу серски жители тука го поминуваат летото. Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство; се извезуваат многу маслинки. Селото Дутли е на час и половина од градот.[9]

Во неговите таблици Верковиќ го бележи Дутли (Горенци) како село со 69 македонски куќи.[7][10]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Дутли, мало селце на ЈЗ од Раховица. Во ова село има камена црква, најверојатно изградена истовремено со „Св. Јован“ и со митрополијата во Сер. Патот е мошне мачен. Куќи 60, жители 300, само Македонци.[11] Во црквата се служи на грчки.[12]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 во Дутлија (Горен) имало 430 жители Македонци христијани.[7][13] Дутличани одгледувале многу маслинки — името на селото на турски значи црничево, кои ги продавале необработени во Сер. Дутлиските маслинки биле крупни и со мали семки. Дутличани имале многу воденици покрај реката Серовица.[5]

По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[14] и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дутлија (Doutlia) имало 400 Македонци егзархисти,[7] и во него работело бугарско училиште со 1 учител и 40 ученици.[15] Во 1910 г. инспекторот Константин Георгиев забележал дека во Дутлија имало 52 македонски куќи, учител во него бил С. Апостолов, а самото училиште било старо и брз дисциплина; тука учеле 27 машки и 2 женски ученици.[7][16]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а во Втората балканска војна во 1913 г. Дутлија е разорена и опожарена од грчката војска.[17] Дел од населението се иселило во Пиринска Македонија, населувајќи се претежно во Неврокоп, каде создале Дутлиско Маало.[18] Поради ова, на пописот од истата година населението спаднало на 110 жители, но во 1920 г. се накачило на 282 лица.[3]

Во 1922 г. името на селото е преведено на грчки во Елеон (маслинка). Под притисок на власта во 1924 г. се иселиле уште 59 лица[3] Власти тука довеле неколку грчки колонисти. Во 1928 г. Дутлија е претставена како село со 317 жители, меѓу кои, според Тодор Симовски, само 5 лица (1 семејство) биле грчки дојденци.[3] Други извори велат дека до 1928 г. сите Македонци ја имале напуштено Дутлија, и дека таа година селото било чисто дојденско со 117 жители (28 семејства).[19]

Пред Втората светска војна во Дутлија се доселиле жителите на Раховица.[20]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

  • Димитар Сотиров — доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето за време на Српско-бугарската војна во 1885 г.[27]
  • Илија Георгиев (1893 – ?) — македоно-одрински опълченец, четата на Георги Занков, Първа рота на Единадесета сярска дружина[28]
  • Стефан Урдев (1883 – 1923) — деец на ВМОРО и БЗНС
  • Стојо Љондев (1910 – 1936) — деец на ВМОРО (обединена)
  • Стојан Пандуров (? – 1925) — деец на БЗНС, убиен од ВМРО[29]
  • Христо Разбојников (1881 – 1925) — револуционер, деец на ВМОРО, борец во МОО, деец на БЗНС
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads