Црква „Св. Никола“ - Клисура (Костурско)
црква во Клисура, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Клисура, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
За истоимената црква во истоименото село во Демирхисарско, видете Црква „Св. Никола“ - Клисура.
Remove ads
Историја
Црквата е изградена во 1839 г. на местото на постар храм сместен во Горното Маало на Клисура.[2] Опожарена е во 1912 г. од Турците за време на Првата балканска војна и обновена во 1920 - 1922 г. Во пожарот изгорел резбаниот иконостас. Во април 1941 г. храмот повторно пострадал, овојпат од германско бомбардирање.[2][3]
Опис
Храмот е трикорабна базилика. Фреските се дело на самоукиот зограф Николаос К. Папајанис (1870 - 1953). Внатре се чуваат шест путири од XIX век, руски дискос од 1869 г. и една копија, како и 133 вредни икони.[4]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads