Црква „Св. Никола“ - Марчишта
црква во Марчишта, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во некогашното село Марчишта, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]


Црквата е многу стара и денес е во урнатини. Од неа во Византискиот музеј во Костур се чуваат две царски двери, 19 икони, 9 делови од резбаниот и насликан иконостас и уште 8 вредни црковни предмети. Од исклучителна вредност е иконата на Христос Седржител, која датира од почетокот на XIII век.[1] Во храмот се зачувани остатоци од фрески.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads