Марчишта (Костурско)

историско село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Марчишта (Костурско)
Remove ads

Марчишта (дијалектно: Марчишча; грчки: Κάτω Περιβόλι, Като Периволи; до 1926 г. Μάρτσιστα, Марциста[1]) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[2]

Кратки факти Марчишта Κάτω Περιβόλι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало на 22 км југозападно од Рупишта, на планината Одре. На 1 км северно е селото Мангила, а на 2 км западно е Осничани. Лежело на истоимената река Марчишта[3] (Жулишта,[3] Тулиште,[4] Жедна Река,[5] на грчки преименувана во Рема Македономахон[4]), десна притока на Галешово.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

На крајот од ΧΙΧ век Марчишта било мало село во Костурската каза. Од запустената црква „Св. Никола“ са зачувани вредни икони.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Марчишта, Анаселишка каза, има 350 жители Македонци.[7][8]

На почетокот на XX век целото население на Марчишта било под врховенството на Вселенската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Марчишта имало 50 жители патријаршисти.[9] Според Христо Силјанов во 1906 г. селото настрадало од грчки андартски напади.[7][10] Георги Константинов Бистрицки вели дека Марчишта пред Балканските војни имало 15 македонски куќи.[7][11]

Во Грција

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и по нивниот завршеток во 1913 г. влегло во состав на Грција. Истата година населението броело 130 жители (броејќи го заедно со соседното Мангила). Во 1920 г. се води одделно со 30 жители.[2] Во 1926 г. селото е преименувано во Като Периволион. По Нејскиот мировен договор во 1919 г. 16 лица од Марчишта се иселиле во Бугарија по официјален пат.[12]

На пописот од 1928 г. селото е заведено со 37 жители. Поради блискоста и малобројноста на населението, Марчишта и Мангила имале заедничко училиште. Селаните оделе на печалба.[2]

Марчишта силно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949) и малкуте преостанати семејства се преселиле во Мангила.[2]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads