Црква „Св. Никола“ - Радишани

црква во населбата Радишани, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Радишани
Remove ads

Свети Николамакедонски православен храм во скопската населба Радишани.[1] Градена е во 16 век. Црквата е мала, еднобродна, засводена со полукружен свод и тристрана апсида на источната страна. Имала и припрата од западната страна која е урната. Калотата на апсидата е потесна од својата основа и на неа има шарање со цигли. Црквата е градена од кршен камен, а е реконструирана во текот на 1980/81 година. Живописот е фрагментарно зачуван во апсидата, на јужниот и на западниот ѕид, како и на западната фасада. Според стилските одлики датира од 30-тите години на XVII век, поточно од 1631 година. На тоа укажува блискоста на живописот од првиот мајстор на припратата во црквата Св. Архангели над селото Кучевиште. Тоа најдобро се гледа на претставата на Св. Богородица поширока од небото од црквата Св. Никола во споредба со Богородица во конхата на припратата во црквата Св. Архангели. Всушност, тие припаѓаат на првите дела од сликарската работилница на т.н. Овчарско-кабларска сликарска група која гравитира од југ кон северните простори на Балканот. Во непосредната околина на црквата постојат стари и напуштени гробишта со доста стари но зачувани камени крстови. Сè до средината на XX век црквата стоела разрушена со зачувани ѕидини, изградени од тенок делкан камен, цигла и малтер во висина од 1 метар, а крај неа за празникот Св. Никола се собирале постарите селани[2].

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads