Црква „Св. Никола“ - Трново

црква во селото Трново From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Трновоmap
Remove ads

Свети Никола — главна селска и гробјанска црква во селото Трново, Кривопаланечко.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата претставува еднокорабна црква.[2] Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Remove ads

Историја

Според ктиторскиот натпис, црквата е подигната и живописана во 1505 година, најмногу со залагање на попот Пејо и неговата сопруга Пројка.[2] Сепак, постојат некои истражувања во кои се вели дека црквата била подигната во 1605 година.[3]

Архитектура

Црквата претставува еднокорабна градба со покрив на две води и со полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата е обликувања со средиштен распоред, а горниот дел завршува со полуобликуван свод. Кон западната страна дограден е затворен трем со два влеза, на западната и на јужната страна. Воедно, на јужната страна се наоѓа и отворен трем.[3]

Живопис

Врз основа на стилот на живописот се претпоставува дека е еден век понова. Од уништената група пустиножители зачуван е само ликот на Свети Јоаким Сарандапорски.[2]

Remove ads

Иконостас

Во црквата се евидентирани седум икони.[3]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads