Црква „Св. Петар и Павле“ - Либаново
црква во Либаново, Берско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Петар и Павле (грчки: Αγίων Αποστόλων Πέτρου και Πάυλου Αιγινίου) — доцносредновековна црква во селото Либаново, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Китроско-катеринско-платамонската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот датира од XIV век.[1]
Фрагментите од фреските се од 1485 г., дело на водечкото ателје на Костурската школа од тој период, меѓу чии дела се вбројуваат живописите во „Св. Никола Еврпаксиин“ во Костур (1485/86), во манастирската црква „Св. Преображение“ во Метеора (1483), дел од фреските во „Успение на Пресв. Богородица“ на манастирот Трескавец (1483/84) и во „Св. Никита“ во Горњанскиот манастир (1483/84), како и оние од урнатата црква „Св. Спиридон“ во Костур (крај на XV век).[2]
Во 1967 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[3]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

