Црква „Св. Спиридон“ - Костур
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Спиридон (грчки: Αγίου Σπυρίδωνος) — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата „Пресвета Богородица Елеуса“.[1]
Remove ads
Историја
Изградбата на храмот била во две фази – првата во втората половина на XV век, а втората е во 20-те години XX век.[2][3]
Внатрешност

Иконите од стариот храм се од слаб зограф кој не ја поседувал техниката од класичниот костурски период. По уривањето на стариот храм, дел од фреските биле пренесени во Костурскиот византиски музеј.[1] Откако градбата на соседната црква „Св. Варвара“ станала опасна во почетокот на XX век, големите икони на Пресвета Богородица, Св. Дамаскина и Св. Сава биле пренесени во оваа црква.[4] Иконостасот е мал, со квалитетна резба. Според положбата на иконата на светецот-заштитник, сместен покрај царската икона на Пресв. Богородица, иконостасот е најверојатно пренесен од црква посветена на Св. Јован Крстител. Под четирите царски икони на Св. Јован Крстител, Пресвета Богородица, Исус Христос и Архангел Михаил е резбано обезглавувањето на Св. Јован, како и сцени со ангели и цвеќиња.[3]
Фреските се од крајот на XV век, дело на водечкото ателје на Костурската школа од тој период, меѓу чии дела се вбројуваат живописите во „Св. Никола Еврпаксиин“ во Костур (1485/86), во манастирската црква „Св. Преображение“ во Метеора (1483), дел од фреските во „Успение на Пресв. Богородица“ на манастирот Трескавец (1483/84) и во „Св. Никита“ во Горњанскиот манастир (1483/84), како и фрагментите во црквата „Св. Петар и Павле“ во Либаново (1485).[5]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads