Црква „Св. Петка“ - Бели

црква во селото Бели From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Белиmap
Remove ads

Света Петкацрква во селото Бели. Сместена е во месноста Црквиште, во близина на основното училиште.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата била изградена на темелите на постар храм. Осветувањето било извршено на 13 септември 2020 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[1]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со купола и полукружна апсида на источната страна. Куполата има шестаголна основа и на секоја страна има по една монофора. Влезот во црквата се наоѓа на западна страна, а пред него има отворен трем. На северниот и јужниот ѕид има по две хоризонтално поставени монофори. Објектот во целост е обоен во црвена боја и е покриен со кров од ќерамиди. На делот од кровот каде што тремот се спојува со главниот дел од црквата е надграден лак над којшто има крст.

Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него има трпезарија.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads