Црква „Св. Петка“ - Сарчиево
црква во селото Сарчиево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Петка — главна селска црква во штипското село Сарчиево, Македонија.[1]
Во дворот на црквата на 8 август 2010 година биле зготвени 3.150 литри грав, со што селото влегло во Гинисовата книга на рекорди.[2]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во северниот дел на селото Сарчиево. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
По податоците на Брегалничката епархија, црквата била првично изградена во 1973 година, но истата била срушена во 2003 година и била започната нова црква. Истата уште не е осветена.[3]
Сепак, според друг извор камен-темелникот бил поставен на 8 август 1956 година по иницијатива на браќата Милан и Ладе Давчеви, кои потекнува од селото. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Изградбата на црквата се случила многу подоцна: во 2009 година бил создаден нов црковен одбор од пет члена, а Стојан Давчев инвестирал во изградбата на летната црква. Истата година била подигната и црковната камбанарија, а во 2011 година бил уреден дворот, во кој се наоѓа извор чија вода се смета за чудотворна. Обновената црква, заедно со камбанаријата, биле осветени на 8 август 2010 година.
Во минатото, на местото се наоѓал крст, а мештаните ја посетувале црквата во Трогерци.[4]
Remove ads
Галерија
- Селските гробишта
- Бунар во дворот
- Камена скулптура
- Камбанаријата
- Помошен објект
- Поглед на црквата
- Куполата
- Казан во дворот
- Поглед на црквата
- Икона над влезната порта
- Јужната страна
- Влезот
- Икона над влезот
- Апсидата
- Летна сцена
- Параклис во дворот
- Внатрешноста на параклисот
- Помошен објект
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads