Црква „Св. Петка“ - Скочивир

црква во селото Скочивир From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Скочивирmap
Remove ads

Света Петка – главна селска црква во селото Скочивир.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа на влезот од селото во северниот дел на селото, на возвишение коиешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Историја

Црквата е изградена во 1860 година.[б 1][2]

Архитектура

Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна е доградена пространа затворена припрата. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над југозападниот агол на припратата. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е со богат фрескоживопис којшто е во релативно лоша состојба.[3]

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени селските гробишта.

Српски воени гробишта

На селските гробишта во дворот на црквата се среќаваат и гробови на српски војници кои загинале во Првата светска војна. Гробиштата се наоѓаат во лоша состојба. [4]

Галерија

Надворешност и други објекти
Внатрешност

Поврзано

Белешки

  1. На мермерната плоча на јужната страна на камбанаријата е наведена 1826 година.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads