Црква „Св. Петка“ - Скочивир
црква во селото Скочивир From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Петка – главна селска црква во селото Скочивир.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа на влезот од селото во северниот дел на селото, на возвишение коиешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
Архитектура
Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна е доградена пространа затворена припрата. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над југозападниот агол на припратата. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е со богат фрескоживопис којшто е во релативно лоша состојба.[3]
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени селските гробишта.
Српски воени гробишта
На селските гробишта во дворот на црквата се среќаваат и гробови на српски војници кои загинале во Првата светска војна. Гробиштата се наоѓаат во лоша состојба. [4]
Галерија
- Надворешност и други објекти
- Поглед на црквата
- Припратата
- Главниот влез
- Спроедниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Камбанаријата над припратата
- Селските гробишта
- Гробови
- Гробови од Првата светска војна
- Црквата во 1917 година
- Внатрешност
- Живописани претстави
- Живописани светци
- Фрескописот на сводот
- Фреска со натпис на грчки јазик
Поврзано
Белешки
- На мермерната плоча на јужната страна на камбанаријата е наведена 1826 година.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads