Црква „Вознесение Христово“ - Владимирово
црква во селото Владимирово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во малешевското село Владимирово, Општина Берово.[1]
Remove ads
Историја
Градбата била започната во 1840 година, била осветена во 1842 година, а завршена во 1846. Во минатото, црквата служела и како училиште и полициска станица. Во црквата е откриен „Летопис на црквата на Св. Вознесение Христово“, како и книга на приходи, расходи и инвентар, каде се забележани детали за градбата, инвентарот, градењето на новата училишна зграда, направените трошоци.[2]
Пожар
Црквата потполно изгорела на 1 ноември 2014 година. Официјално, причините за пожарот (кој избувнал околу 10 часот наутро) не се познати, но се претпоставува дека пожарот се проширил од свеќникот во непосредна близина на олтарот.[3] Од црквата останале само камените ѕидови, крстилницата и камбанаријата, а внатрешноста била целосно уништена, заедно со старите и вредни икони.[4] По пожарот, повеќе истакнати жители по потекло од селото дале парични придонеси за обнова на црквата, како: Благоја Ханџиски, Снежана и Љубчо Георгиевски, Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“ итн.[5]
Remove ads
Архитектура
Градбата е трикорабна црква со полукружна апсида. Посебен впечаток во црквата оставаат десетте дабови столбови, кои со секира се оформени во шестострани правилни призми.[2]
Иконостас
Иконите на иконостасот се работени на Света Гора и се подарок на месното население.[2]
Галерија
- Камбанаријата на новата градба
- Поглед на двете камбанарии на црквата
- Плоча на самата црква
- Поглед на црквата
- Плоча на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads