Црква „Св. Талалеј“ - Арачиново

црква во селото Арачиново From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Црква „Св. Талалеј“ - Арачиново — единствена православна селска црква во скопското село Арачиново.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Состојба на црквата

Состојбата на црквата започнала да се влошува по протерувањето на Македонците од селото, по завршувањето на воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Црквата била подложна на кражби и била оставена потполно незаштитена, поради немањето Македонци во селото. Жителите на селото се собираат во црквата само за време на поголемите верски празници. Во најлоша состојба се наоѓаат црковните гробишта со искршени надгробни плочи, додека поранешната крстилница, кујната и трпезаријата се целосно демолирани и опустошени.[1]

Вандализам од 2016 година

Во јануари 2016 година бил извршен голем вандализам во црквата, најголем од терористичките активности од 2001 година.[2] По фреските и иконите биле видливи длабоки бразди, направени со нож, вулгарни цртежи на полни органи. Била демолирана внатрешноста на црквата и расфрлани биле свеќите, малите икони, песокот за положување свеќи и сл.

Најмногу биле оштетени фреските на двете светителки, Света Петка и Света Недела, кои се насликани на левиот ѕид од влезот и се подарок од семејствата на Атанас Анчевски и на Трпе Јакимовски во 1997 година. Траги од нож биле пронајдени и на фреската на Свети Ѓорѓи, како и на иконите на Свети Атанасиј, на Пресвета Богородица, како и на фреската на Свети Никола, на која покрај оштетувања со нож, имало и недостојни цртежи.[2]

Најверојатно, овие оштетувања настанале пред верскиот празник Духови.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads