Арачиново

село во Општина Арачиново From Wikipedia, the free encyclopedia

Арачиновоmap
Remove ads

Арачиновосело во Општина Арачиново и нејзин административен центар, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на источната страна од Скопската Котлина, односно источно од градот Скопје. Населбата претставува седиште на истоимената општина. Селото е рамничарско, на надморска височина од 260 метри. Лежи на второстепен локален пат, којшто го поврзува со централното место Скопје, од кое е на оддалеченост од 10 км.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Во 2001, било окупирано од страна на Ослободителната народна армија како дел од воениот конфликт во Македонија.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 9,9 км2. Доминира обработливото земјиште на површина од 754,9 ха, на пасиштата отпаѓаат 106,4 ха, додека шумско земјиште нема. Арачиново има исклучително полјоделска функција.[2]

Население

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Харачине и било христијанско, со 28 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 96 мажи христијани, со 10 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 212 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 108 жители.[3]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Арачиново живееле 205 жители, од кои 175 Македонци и 30 Роми[4].[5]

Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арачиново имало 120 Македонски егзархисти.[6]

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 157 жители. Било дел од Општина Брњарци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци, 100 Албанци, 100 други и 50 Турци.[7]

Во 1961 година селото има 1.037 жители, од кои 296 Македонци, 406 Албанци, 188 Турци, 25 Срби и 122 останати.

На пописот во 1994 биле попишани 6.328 жители, а на пописот од 2002 година селото има 7.315 жители и претставува едно од најголемите села во Македонија, поголемо и од неколку помали македонски градови. Во селото тогаш живееле 594 (иселени 1.290) Македонци, 6.677 Албанци, 1 Влав, 10 Срби, 2 Бошњаци и 31 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7.991 жител, од кои 4 Македонци, 7.777 Албанци и 210 лица без податоци.[9]

Населбата е аграрно пренаселена, па затоа дел од активното население учествува во дневните миграции спрема Скопје, а дел е вработено во странство.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]

Повеќе информации Година, Македонци ...
Remove ads

Личности

Иселеништво

Поголем дел од македонското население е раселено по Воениот конфликт во 2001 година, односно тие се внатрешни бегалци. Кај албанското население има иселување во странство.

Општествени установи

Стопанство

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2333, 2333/1, 2334, 2334/1, 2335, 2335/1, 2336, 2336/1, 2337 и 2337/1 според Државната изборна комисија, сите сместени во основното училиште.[11]

Културни и природни знаменитости

Цркви

Редовни настани

Култура и спорт

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads