Општина Арачиново
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Арачиново — општина во северниот дел на Македонија, со седиште во Арачиново. Се состои од четири села: Грушино, Мојанци, Орланци и Арачиново.
Remove ads
Географија
Општина Арачиново се наоѓа североисточно од Скопје (околу 12 км од главниот град на Македонија). Во состав на општината се четири населени места: Арачиново, Грушино, Мојанци и Орланци. Низ општината поминува регионален пат што ги поврзува Скопје со Куманово и Липково.
Историја
1945-1952
Месниот народен одбор Арачиново бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Арачиново, Брњарци, Мојанци, Орланци и Страчинци.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арачиново го изгубил селото Страчинци, на сметка на проширениот МНО Синѓелиќ. МНО Арачиново тогаш припаѓал во Скопска Околија.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арачиново останал територијално непроменет.[4] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Арачиново бил укинат и неговата општинска територија припаднала на Општина Синѓелиќ.[5]
1996-до денес

Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Арачиново била обновена на сметка на намалената Општина Гази Баба. Нејзини населени места биле Арачиново, Брњарци, Грушино, Мојанци и Орланци.[6] Според административната поделба од 2004 година, Општина Арачиново била била намалена на сметка на проширената Општина Гази Баба која го добила Брњарци.[7]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Арачиново имал 1,407 жители, односно вкупното население на Арачиново, Брњарци, Мојанци и Орланци.
Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[8]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 490 |
| Албанци | 752 |
| Турци | 11 |
| Роми | 149 |
| Срби | 3 |
| Неопределени муслимани | 2 |

Според пописот од 2002 година, Општина Арачиново имала 11,992 жители, односно вкупното население на Арачиново, Брњарци, Грушино, Мојанци и Орланци. Општината имала 2,377 домаќинства и 2,583 станови.
Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:[9]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 987 |
| Албанци | 10,879 |
| Срби | 13 |
| Власи | 1 |
| Бошњаци | 65 |
| Останати | 47 |
Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 12.676 жители, 2.848 домаќинства и 2.815 станови.[10]
Следува табела според народностите во пописот од 2021 година:[11]
- Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за етничката припадност
Следува табела според вероисповедноста во пописот од 2021 година:
- Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за религиската припадност
| Вероисповед | Вкупно |
| православни | 1 |
| муслимани | 12.363 |
| католици | 1 |
| христијани | 0 |
| протестанти | 0 |
| евангелисти | 0 |
| евангелисти-методисти | 0 |
| Јеховини сведоци | 0 |
| останати | 1 |
| евангелиски протестантски христијани | 0 |
| агностици | 0 |
| будисти | 0 |
| лица без податоци† | 310 |
| Вкупно | 12.676 |
Следува табела според мајчиниот јазик во пописот од 2021 година:
- Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според мајчиниот јазик
| Јазик | Вкупно |
| македонски | 1 |
| албански | 12.357 |
| турски | 0 |
| ромски | 0 |
| влашки | 0 |
| српски | 0 |
| бошњачки | 6 |
| останати | 2 |
| знаковен јазик | 0 |
| непознато | 0 |
| лица без податоци† | 310 |
| Вкупно | 12.676 |
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле службено попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.
Remove ads
Општествени установи
Во рамките на општината е и основното училиште „Скендербег” со повеќе од 1,000 ученици.
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Арачиново е Даут Беќири од редовите на Вреди. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[12]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.[13]
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Талалеј“ во Арачиново - изградена во 1994 година, единствената црква во селото Арачиново, а една од малкуте во општината.
Редовни настани
Личности
Иселеништво
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
